Линкови за пристапност

Почина најстарото лице на светот


Жената регистрирана како најстаро лице на светот почина на возраст од 116 години.

Бес Купер беше една од неколкуте лица признаени од Гинисовите светски рекорди кои доживеале таква старост. Таа починала во вторник на околку 70 километри од Атланта, Џорџија.

Нејзиниот син Сидни Купер кажа дека била ставена на кислород во нејзината соба кога почнала да има проблеми со дишењето. Тој кажа дека таа умрела спокојно во вторникот попладне.

Купер беше прогласена за најстара личност во јануари, но титулата и` била одземена во мај кога дошла информација дека жена од Бразил била 48 дена постара. Гинисовите светски рекорди титулата и` ја вратија на Купер кога жената од Бразил умрела на 21 јуни.

Купер била поранешна учителка која живеела низ три века. Неа ја наследиле нејзините четири деца.
XS
SM
MD
LG