Линкови за пристапност

СЗО – Светот не се грижи за постарите лица


Според Светската здравствена организација, до средината на овој век, еден на секои пет лица во светот ќе бидат на возраст од 60 години или постари. Како што стареат, велат од СЗО, луѓето веројатно ќе се соочат и со бројни здравствени проблеми.

Директорот на Одделот за стареење и животен век при СЗО, Џон Бирд, вели дека постои веројатност, постарите луѓе истовремено да имаат повеќе од една хронична болест. Тој додава дека претставува предизвик да се знае како да се третираат овие сложени услови.

Ед Кели е директор на Одделот за испорака на услуги и безбедност, при СЗО. Тој лично се идентификува со здравствениот систем којшто нема сеопфатна оценка на проблемите на постарите лица.

„Ако го земете примерот со мојот сопствен татко, имам двајца родители. Татко ми има 90 години, зема 13 лекови, има пет лекари. Никој од нив не комуницира еден со друг. Тој е релативно здрав, а ова е многу типична ситуација за луѓето на оваа возраст“, вели Кели.

Светската здравствена организација додава дека здравјето на постарите луѓе ќе се подобри, ако сите заболувања биле земени предвид кога поединецот бара помош за едно специфично заболување или болест. На пример, хроничната болка може да биде поврзана со потешкотии на поединецот со слухот, видот, одот или вршење на други активности.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG