Линкови за пристапност

Одобрено релоцирање на базата на САД во Окинава


Гувернерот на островот го одобри потегот по средба со претседателот кој вети поголема финансиска помош за Окинава.

Гувернерот на јужниот јапонски остров Окинава одобри релокација на воздухопловната база на Маринскиот курпус на САД на друго земјиште по должина на брегот, но тој ќе продолжи да притиска за преместување на базата целосно надвор од островот.

Претставник на Окинава потврди во петокот дека гувернерот Хироказу Накаима го одобрил барањето на јапонското Министерство за одбрана за повторно заземање на земјиштето за нова воена база на брегот на Окинава. Тоа ќе ја замени американската база во Футенма, погусто населен дел од главниот остров.

Сепак, гувернерот на прес конференција подоцна во денот кажа дека се` уште верува дека најбрз начин за преместување би било трупите од Футенма да се релоцираат на веќе постоечки објект со писти надвор од Окинава. Накаима вети за време на изборната кампања дека ќе ја премести американската база од островот.

Премиерот Шинзо Абе го убеди Накаима да го одобри потегот на средба во средата, откако вети зголемена финансиска помош за островот.

Футенма е лоцирана во густо населена област Гинован каде жителите се жалеа заради буката што ја прават авионите и заради загриженост за безбедноста на луѓето околу објектот. Токио инсистираше на потегот како како што било договорено со спогодбата постигната со САД во 2006.

Жителите на Окинава веднаш се спротивставија на договорот.
XS
SM
MD
LG