Линкови за пристапност

САД ќе преселат 9.000 Маринци од Окинава


Околу 9.000 американски Маринци ќе бидат прераспоредени од јапонскиот остров Окинава на други локации во пацифичкиот регион, стои во договорот меѓу САД и Јапонија.

Договорот беше објавен доцна во четвртокот во заедничко соопштение на Вашингтон и Токио. Маринците ќе бидат распоредени во Хаваи, американската територија Гуам и Австралија. Соопштението не индицираше кога Маринците ќе бидат преместени.

Токио треба да плати 3,1 милијарда долари од проценетите 8,6 милијарди за трошоците за релоцирање на Маринците во Гуам.

Договорот има за цел да ги намали тензиите меѓу двата сојузника заради долготрајното американско присуство во Окинава, што стана извор на незадоволство за жителите кои велат дека тоа довело до врева, загадување и криминал.

САД го направија договорот со Јапонија во 2006 за префрлање на маринската база Футенма од густо населена урбана област на островот во поизолирана крајбрежна област.

Но жителите бараат базата да биде едноставно затворена и преместена на кое било друго место.

САД во Јапонија имаат околу 47.000 трупи, и тие се главно во Окинава.

XS
SM
MD
LG