Линкови за пристапност

О Џеј Симпсон излегува од затвор


70-годишниот спортист, беше осуден за вооружен грабеж и киднапирање

Бордот за условен отпуст на Лас Вегас, на американскиот фудбалер и актер О Џеј Симпсон му одобри излегување од затвор по девет години затвор за делата вооружен грабеж и киднапирање.

Симпсон се заблагодари, со видливо олеснување, само неколку секунди по соопштувањето на одлуката.

Одлуката за 70-годишникот беше брза. Требаше помалку од еден час да се заврши сослушувањето за пуштање на условна слобода.

Спортистот од Халата на славните кој беше ослободен од обвинение на крајот на сензационално судење за убиство во 1990-те се повика на примерно однесување додека ја служел затворската казна за подоцнежната пресуда и му рече на судот дека сака да биде ослободен за да биде со своето семејство.

„Сакам да поминам колку е можно повеќе време со моите деца и со пријателите“, рече тој. „Ја отслужив казната колку што можев подостојно. Не се жалев овие девет години. Се` што правев е да бидам од корист, им велев на другите околу мене да го отслужат своето време и да ги водат своите битки во судот...Се` што сакам е да бидам со моите деца.“

Симпсон рече дека не го вознемирува интензитетот на интересот на медиумите за овој случај. Сите кои барале од него да зборува за медиумите, тој рече дека ги одбил, затоа што не сакал проблеми со јавноста.

Овој харизматичен спортист стана особено познат по убиствата на неговата поранешна сопруга, Никол Браун Симпсон, и нејзиниот пријател Рон Голдман во 1994-та година.

О Џеј Симпсон беше обвинет за убиството, во законски процес кој нашироко беше следен од нацијата, од бркотница со полицијата на автопат во Калифорнија, се` до ослободителната пресуда во 1995-та година. Подоцна тој беше прогласен виновен во граѓанска постапка.

На страната на Симпсон во ослободителното барање беа адвокатот Малколм Лаверн, неговиот близок пријател, Том Ското, неговата сестра Ширли Бекер и ќерката Арнел Симпсон.

Поради фасцинацијата на јавноста со сагата на Симпсон, властите од Невада одлучија сослушувањето да биде пренесувано во живо.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG