Линкови за пристапност

Постигнат договор за намалување на производството на нафта


ОПЕК и сојузниците во неделата постигнаа договор за намалување на глобалното производство на нафта за 9.7 милиони барели почнувајќи од 1 мај. Целта е да се стабилизираат цените при значителен пад на побарувачката поради пандемијата.

Договорот беше постигнат по итен виртуелен состанок на претставници од 23 земји.

Цената на сировата нафта од типот Брент е на 30-на долари по барел изминатиот месец. Со ова и се заканува на американската индустрија на нафта од шкрилци а сериозно влијае на државите чии буџети се полнат директно од продажбата.

ОПЕК, предводен од Саудиска Арабија, и други големи производители како Русија уште во четвртокот постигнаа согласност за намалување на производството за околу 10%, но Мексико се двоумеше поради што договорот се одолговлечи.

Според договорот Мексико ќе го намали производството за 100 илјади барели, а не за 400 илјади како што беше првично предложено.

Саудиска Арабија е најголемиот извозник и има најголеми резерви иако САД сега произведуваат повеќе нафта.

Цената на сировата нафта од типот Брент е на 30-на долари по барел изминатиот месец.


Откако паднаа светските цени Доналд Трамп рече дека американските возачи ќе имаат корист од пониските цени на горивата, но како што цената на нафтата продолжи да паѓа, претседателот примени поумерен тон велејќи дека глобалните цени мора да бидат стабилизирани, во спротивно американската индустрија за нафта од шкрилци може да колабира со што би се загубиле илјадници работни места.

На брифинг во петокот Трамп рече дека разговарал со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор и дека се согласил да помогне со намалување на производството во име на Мексико. Не образложи за договорот, но рече дека Мексико ќе возврати во иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG