Американските законодавци кои вршат истрага по масивниот излив на нафта во Заливот на Мексико велат дека имало проблеми со еден од клучните безбедносни системи на бунарот.
Претседавачот со Комисијата за енергија и трговија на Претставничкиот дом, Хенри Ваксман, на распит во среда кажа дека таканаречениот непробоен безбедносен систем на платформата пропуштал течност во часовите пред експлозијата на бунарот.
Ваксман, кој е демократ, исто така кажа дека друг дел од безбедносниот систем имал дефектен дел.
Демократот Ед Марки ја критикуваше реакцијата на БП и на другите инволвирани компании, велејќи дека тие постапувале „како им дошло“. Тој исто така ги обвини за изведување на ризичен научен експеримент на дното на заливот.
Претставниците на трите компании инволвирани во нафтената платформа -- БП, Трансоушн и Халибартон – втор ден по ред сведочат пред Конгресот во среда.
Во вторникот, пред сенатска комисија, директорите на компаниите вината за несреќата ја фрлаа на другиот.