Линкови за пристапност

И коралните гребени во опасност од нафтената дамка


И коралните гребени во опасност од нафтената дамка
И коралните гребени во опасност од нафтената дамка

Излеаната нафта веќе зафати корални гребени што играат клучна улога во репродукцијата и развојот на подводниот свет. На многу од нив им требаа стотици илјади години да се развијат.

Импресивните морски корали во мексиканскиот Залив, стотици метри под површината на водата, сега лежат под нафтата.

Пред шест месеци, научна експедиција во организација на Националната управа за атмосфера и океани ги истражувала коралните заедници.

„Само што почнавме да дознаваме за нивната еколошка функција врз поголемиот еколошки систем во Мексиканскиот Залив. Коралите се наоѓаат на многу голема длабочина и во најголем дел се недостапни“, вели Каки Ендрјус, одговорен во Управата за реставрација на коралните гребени.

Истражувањата покажаа дека коралните гребени сочинуваат само околу 0,1% процент од океанското дно, но затоа се живеалиште за над 25 проценти од морскиот свет.

„Овие места се посебни – меѓу организмите со најдолг животен век на планетата. Некои се веројатно стари над 4.000 години“, наведува Ендрјус.

Научниците наведуваат дека е тешко да се процени штетата од нафтеното излевање бидејќи досега не бил забележан таков обем. Нафтата навидум најповеќе избива на површината. Од типот на нафтата, периодот на изложеност и директниот контакт со коралите ќе зависи колку од нив ќе преживеат. Стручњаците велат - едно е сигурно - засега тоа не можат точно да го пресметаат.

XS
SM
MD
LG