Линкови за пристапност

Тропското невреме предизвика застој во напорите врзани со изливот на нафта


Екипите инволвирани во напорите да се затвори нафтениот бунар што пропушта нафта во Заливот на Мексико добија наредба за евакуација

Екипите инволвирани во напорите да се затвори нафтениот бунар што пропушта нафта во Заливот на Мексико добија наредба за евакуација во време кога тропското невреме Бони се приближува на областа.

Раководителот на владиниот тим за одговор на излевањето на нафта, адмиралот на Крајбрежната стража во пензија, Тед Ален, кажа дека бродовите и платформите се подготвуваат за напуштање на местото заради ризикот што го претставува невремето. Меѓу нив е и платформата за дупчење од која се работи на помошен бунар, што се смета за крајна цел во поправањето на оштетениот бунар.

Поклопецот што го запира излевањето на нафта во заливот последнава недела ќе остане и покрај прекинот на операциите, вклучително и набљудувањето.

Американската национална метеоролошка служба вели дека тропското невреме Бони формирано на Карибите носи големи дождови и ветрови од 65 километри на час.

Нафтената компанија БП се надева дека трајно ќе го поправи дефектниот бунар до почетокот на август.

XS
SM
MD
LG