Линкови за пристапност

БП подготвува нов план за запирање на изливот на нафта


Претставници на БП во неделата кажаа дека може да е потребна една недела за започнување на новата процедура чија цел е повеќе да се ограничи отколку сосема да се запре излевањето

Енергетската компанија БП вели дека презема чекори за имплементирање на нов план за запирање на масивниот одлив на нафта во Заливот на Мексико.

Претставници на БП во неделата кажаа дека може да е потребна една недела за започнување на новата процедура чија цел е повеќе да се ограничи отколку сосема да се запре излевањето.

Управниот директор на БП, Боб Дадли, кажа дека планот ќе инволвира роботи на далечинско управување кои ќе ја закрпат пукнатата цевка пред таа да биде покриена со направа дизајнирана за прифаќање на нафтата што се излева од бунарот. Тој не даде гаранции дека планот ќе успее.

Врвната советничка за енергија на Белата куќа, Карол Браунер, во неделата кажа дека новиот план може да резултира во привремено зголемување за 20 проценти на количината на нафта што се излева од бунарот.
Таа, исто така, излевањето на нафта го нарече најверојатно најголема еколошка несреќа во американската историја.

Дефектниот бунар испушта меѓу 12.000 и 19.000 барели нафта на ден од април наваму.

Во саботата БП соопшти дека нивната „топ кил“ процедура за запирање на излевањето не успеала.

Компанијата продолжува да работи на два други бунари, што се смета дека е најдобро решение за проблемот, но не се очекува тие да бидат завршени до август.

Кризата започна на 20 април со експлозија на платформа за вадење нафта, при што загинаа 11 работници и беше направен отвор на подводниот бунар. Американската влада проценува дека до сега истекле меѓу 70 и 150 милиони литри нафта во Мексиканскиот залив.

XS
SM
MD
LG