Линкови за пристапност

Обама во Луизијана; БП продолжува со „топ кил“


Обама во Луизијана; БП продолжува со „топ кил“
Обама во Луизијана; БП продолжува со „топ кил“

Американскиот претседател Барак Обама патува за Луизијана да направи увид во напорите на БП за запирање на најголемото излевање нафта во американската историја

Американскиот претседател Барак Обама e во Луизијана да направи увид во напорите на БП за запирање на најголемото излевање нафта во американската историја.

Претседателот по пристигнувањето веднаш замина на брифинг со адмиралот на американската Крајбрежна гарда Тад Ален, по што ќе се обрати на медиумите.

БП во петокот објави дека продолжува со процедурата позната како „топ кил“, преку вбризгување на густи течности во изворот за да се пренасочи текот на нафтата што се излева, по што ќе употреби цемент за затворање на отворот.

Во интервју за Си-Би-Ес, првиот човек на БП Тони Хауард изјави дека исто така се вбризгува гума и друг материјал во маневар познат како „џанк шат“

Тој рече дека се потребни 48 часа пред компанијата да потврди дали процедурата е успешна. Дури потоа ќе биде употребен цементот.

XS
SM
MD
LG