Официјални лица на БП и други две компании инволвирани во операцијата на нафтениот излив во Заливот на Мексико во вторник ќе бидат соочени со прашања од американските законодавци.
Раководните лица на Трансоушн Лимитид, со седиште во Швајцарија, и Халибартон, со седиште во САД, ќе се појават пред комисиите за енергија и животна средина на американскиот Сенат. Писмените сведочења објавени од двајцата директори обвинуваат други компании за минатомесечната експлозија и пожар што доведоа до тонење на платформата Дипвотер хорајзн и последователниот масивен одлив на нафта.
Платформата Дипвотер хорајзн била во сопственост на Трансоушн, додека Халибартон ја цементирал нафтоводната цевка на бунарот пред експлозијата, во која загинаа 11 работници и се предизвикани економски и еколошки последици во регионот на Заливот на американска страна. БП ја имал платформата под наем и е одговорен за нафтениот бунар.
Официјални лица на БП и други две компании инволвирани во операцијата на нафтениот излив во Заливот на Мексико во вторник ќе бидат соочени со прашања од американските законодавци