Линкови за пристапност

Втор обид за покривање на одливот на нафта во Заливот


Втора кутија што треба да ја собере нафтата што истекува, е спуштена во Заливот на Мексико во близина на отворот на бунарот од каде се излева нафта веќе трета недела, предизвикувајќи економска и еколошка штета на регионот на заливот

Втора кутија што треба да ја собере нафтата што истекува, е спуштена во Заливот на Мексико во близина на отворот на бунарот од каде се излева нафта веќе трета недела, предизвикувајќи економска и еколошка штета на регионот на заливот.

Претставници на БП кажаа дека новата кутија била спуштена во водата доцна во вторникот, но дека нема да биде поставена директно над бунарот барем до четврток. Официјални лица велат дека сакаат да се осигураат дека кутијата има добра конфигурација пред да се направи обид за затворање на одливот, што се проценува дека е близу 795 илјади литри на ден.

Оваа кутија е помала верзија на куполата висока четири ката што неуспешно беше поставена минатата недела за собирање на дел од нафтата што се излева од напукнатиот бунар.

Порано во вторник, претставници од три компании инволвирани во случајот сведочеа пред комисиите на Сенатот за енергија и за природни ресурси. Директорите на БП, Трансоушн и Халибартон меѓусебно се обвинуваа за несреќата.

XS
SM
MD
LG