Претставници на нафтената компанија БП велат дека се надеваат дека до крајот на неделава ќе ја постават масивната структура дизајнирана за стопирање на главниот одлив на нафта под вода што го загадува Мексиканскиот залив.
Компанијата вели дека 98-тонската структура ќе ја собере нафтата од најголемиот од трите одливни места и преку цевка ќе ја испрати на површината каде ќе биде собрана на брод.
Компанијата вели дека никогаш не се обидела на ваков начин да собере толкава количина нафта од длабочина поголема од 1.500 метри, заради што не може да гарантира дека напорот ќе биде успешен.
Во меѓувреме, послабите ветрови и помирните води помагаат на напорите одливот, што продолжува да се заканува на јужниот американски брег со сериозна еколошка штета, да се стави под контрола.
Официјални лица велат дека поволните временски услови може да го забават ширењето на излеаната нафта и да ги направи напорите за нејзино оградување поефикасни.
Американската крајбрежна гарда вели дека 170 бродови и персонал од близу 7.500 лица се инволвирани во напорите за чистење, со уште 2.000 доброволци кои помагаат. Службата вели дека се поставени над 148.000 метри материјал во напор да се блокира нафтата од стигнување до брегот.
Нафтената платформа експлодира на 20 април и потона два дена подоцна. Единаесет работници загинаа.