Линкови за пристапност

Цената на нафта најниска за последниве седум години


Загрижените инвеститори продадоа акции во нафтените компании со што цените на акциите во најголемите индекси паднаа

Цената на сировата нафта падна на најниско ниво од 2009-та во глобалното тргување во вторникот.

Последното во долгата низа опаѓања на цената уследи по состанокот од петокот на Организацијата на земји извознички на нафта кога не беше постигнат консензус за намалување на производството. Тие можеа да ги зголемат цените со лимитирање на снабдувањето.

Експертите велат дека моменталните залихи на нафта се значително повисоки од побарувачката. Резервите се очекува да пораснат уште повеќе со излегувањето на Иран, еден од најголемите светски снабдувачи на нафта, од под товарот на меѓународните санкции што го ограничуваа во извозот.

Загриженоста за намалувањето на побарувачката се зголеми и поради потоплите зими во САД, што доведува до помала потреба од гориво за греење.

Цените на Брентовата сурова нафта падна под 40 долари за барел во вторникот суровата нафта Брент од Северното море падна под 40 долари за барел во вторникот, додека цената на Вест Тексас Интермидиат од Западен Тексас падна на тоа ниво на пазарот во понеделникот.

Загрижените инвеститори продадоа акции во нафтените компании и фирмите коишто ја поддржуваат нафтената индустрија. Распродажбата придонесе за намалувањето на цените на акциите во водечките индекси ширум светот.

Опаѓањето на цената на нафтата исто така има влијание врз кредитниот профил на големите извозници на нафта, според агенцијата за проценување Фич. Експертите од Фич го пресметуваат и влијанието на намалениот приход од нафтата врз владиниот буџет. Тие исто така следат како погодените држави се справуваат со ова, преку намалување на трошоците, наоѓање на други извори за приход, девалвирање на националните валутите или преземање на други акции.

XS
SM
MD
LG