Линкови за пристапност

БП: Нафтата престана да истекува во заливот


БП: Нафтата престана да истекува во заливот
БП: Нафтата престана да истекува во заливот

Претседателот Барак Обама од Градината на розите во Белата куќа го поздрави напредокот, но додаде да се почека за конечен резултат од последната интервенција на БП

БП вели дека се охрабрувачки првите податоци од тестот по стопирањето на нафтата од нејзиниот дефектен бунар во Заливот на Мексико.

Претседателот Обама ова внимателно го поздрави, но додаде: „Важно е да не се истрчуваме“.

Притисокот во бунарот постепено се покачува , што е добар знак според Кент Велс, потпретседател на БП.

Нафтата е запрена за прв пат од 20 април, како дел од 48-часовниот тест.

Во моментот додека ова го јавуваме нема докази дека бунарот пропушта нафта.

XS
SM
MD
LG