Линкови за пристапност

Чистење на нафта во размери без преседан во САД


Енергетскиот гигант БП испрати огромен контејнер на местото каде се излева нафтата во Мексиканскиот залив, во напор без преседан за отстранување на сировата нафта што се излева од оштетениот подводен бунар

Енергетскиот гигант БП испрати огромен контејнер на местото каде се излева нафтата во Мексиканскиот залив, во напор без преседан за отстранување на сировата нафта што се излева од оштетениот подводен бунар.

Екипите во среда натоварија челична конструкција од 98 тони на голем брод што треба да ја однесе на местото. Транспортот се очекува да трае околу 12 часа. Откако ќе пристигне, контејнерот во облик на купола ќе биде спуштен во водата врз главниот отвор од каде се излева нафтата.

Структурата се очекува да функционира како инка, спроведувајќи ја нафтата кон брод на површината. Нафтата таму ќе биде одвоена од водата и гасот. Компанијата БП никогаш порано не се обидела да постави контејнер на длабочина од 1.500 метри и не може да гарантира дека напорот ќе биде успешен.

БП се надева дека куполата ќе започне да собира нафта до понеделник.

Порано во средата, БП кажа дека успешно покрила помал отвор на оштетениот отвор од каде истекуваат стотици илјади литри нафта секој ден.

XS
SM
MD
LG