Линкови за пристапност

САД: Откриено досега најголемо депо на нафта од шкрилци


Геолозите од сојузната држава Тексас велат дека лежиштето се наоѓа во регионот познат како Пермиан басен

Истражувачите веруваат дека формациите можат да содржат до 20 билиони барели нафта, вредна над 900 билиони долари.

Откритието може да биде три пати поголемо од она во регионот Бакен, во сојузната држава Северна Дакота, најголемо наоѓалиште на неконвенционална нафта кога и да било пронајдено.

„Фактот дека ова откритие од 20 милијарди барели нафта се наоѓа токму во оваа област, покажува дека дури и во области каде веќе се експлоатирани милијарди барели нафта, постои потенцијал да бидат пронајдени милијарда повеќе, вели во соопштение Валтер Гвидроз, координатор на програмата за геолошко истражување.

Пронајдок дава кредибилитет на оние кои мислат дека Пермиан басенот може да има 75 милијарди барели нафта од шкрилци. Тоа би било второ по големина наоѓалиште, веднаш по наоѓалиштето Гавар во Саудиска Арабија.

Пермиан басенот е извор на сурова нафта од почетокот на 1920-те години на минатиот век. Според некои извори, слојот на нафта од шкрилци стои се` уште нечепнат.

XS
SM
MD
LG