Линкови за пристапност

Излеаната нафта дојде до Езерото Пончатреин во Њу Орлеанс


Излеаната нафта дојде до Езерото Пончатреин во Њу Орлеанс
Излеаната нафта дојде до Езерото Пончатреин во Њу Орлеанс

Силни ветрови од Заливот ги истуркале катрановите топки и нафта во езерото. Државните власти на Луизијана забранија рибарење на источните области на езерото.

Официјални претставници на јужниот американски град Њу Орлеанс велат дека топки од катран од изливот на нафта на БП стигнале до Езерото Пончатреин, позната дестинација во непосредна близина на градот каде жителите доаѓаат за свежа морска храна и надворешни рекреативни активности.

Градските претставници велат дека екипите собрале околу 770 килограми нафтен отпад во неделата и во понеделникот, кој ги минал линиите на впивачките бариери што го заштитуваа езерото со површина од 1.550 квадратни километри, од загадените води на Заливот на Мексико.

Силни ветрови од Заливот ги истуркале катрановите топки и нафта во езерото. Државните власти на Луизијана забранија рибарење на источните области на езерото.

Во меѓувреме, главниот американски претставник кој го надгледува постапувањето по изливот вели дека трет брод што ќе го удвои капацитетот на БП за собирање на нафта, на 53.000 барели дневно, е делумно поврзан. Пензионираниот адмирал на Крајбрежната стража Тед Ален во вторникот кажа дека на официјални лица ќе им требаат уште неколку часа да потврдат дали новиот брод – Хеликс Продусер – е успешно поврзан.

XS
SM
MD
LG