Властите во сојузната држава Монтана соопштија дека поради оштетувањето на нафтоводот на Ексон Мобил минатата недела, во реката Јелоустон биле излеани 1.000 барели сирова нафта. Реката е позната како дестинација за рибарење, а жителите во околината предострожно биле евакуирани.
Претставници на компанијата засега немаат информација што го причинило оштетувањето на 30-сантиметарската цевка, поставена под реката. Локалните власти како фактори ги наведуваат високото ниво на вода поради дождовите, брзината на текот и отпадот во неа.