Линкови за пристапност

САД го тужат БП и уште осум компании


САД го тужат БП и уште осум компании
САД го тужат БП и уште осум компании

Главниот обвинител на САД кажа дека компаниите не ги презеле неопходните мерки на предострожност за мониторинг и обезбедување на бунарот, од каде милиони барели нафта истекоа во заливот.

САД го судат нафтениот гигант БП и уште осум други компании за нивната улога во овогодишното масивно излевање на нафта во Заливот на Мексико.

Одделот за правда во средата го објави покренувањето на граѓанската судска постапка што беше покрената во федерален суд во градот Њу Орлеанс, во Луизијана.

Главниот обвинител на САД Ерик Холдер рече дека во поднесокот се наведуваат прекршувања на федералните правила за безбедност и оперативност. Тој кажа дека именуваните компании не ги презеле неопходните мерки на предострожност за мониторинг и обезбедување на на бунарот, од каде милиони барели нафта истекоа во заливот.

Холдер кажа дека САД имаат намера да докажат дека погрешните постапки на компании придонеле или го причиниле изливот за кој обвинетите се одговорни според Актот за загадување од нафта за владините трошоци за чистење, економски загуби и штета на животната средина.

Владата исто така бара граѓански казни според Актот за чиста вода, кој забранува неавторизирано излевање на нафта во државни води.

Меѓу фирмите против кои е покрената постапка се Transocean, која е сопственик на нафтената платформа на која по експлозијата се убиени 11 работници во април и од каде почна катастрофата со изливот. Тоа беше најголемо нафтено излевање во американската историја.

Холдер рече дека владата нема да се двоуми да преземе се` што е потребно да ги држи за одговорни виновните за изливот. Тој кажа дека истрагата на Одделот за правда, кривична и граѓанска, продолжува.

XS
SM
MD
LG