Американски претставник вели дека нафтениот бунар на БП во Заливот на Мексико е трајно запечатен, пет месеци по експлозијата на нафтена платформа што доведе до најголемиот излив на нафта во американската историја.
Американскиот претставник кој врши надзор на одговорот по изливот, пензионираниот адмирал на Крајбрежната стража Тад Ален, во недела соопшти дека бунарот е „ефективно мртов“ и дека веќе не е закана за Заливот според последниот тест на БП.
Претседателот Барак Обама ги поздрави вестите. Во соопштение тој ваквиот развој го нарече „важен настан“, и додаде дека неговата администрација е подготвена да стори „се` што е во нејзина моќ да обезбеди целосно опоравување на крајбрежјето на Заливот од несреќата“.
Кога платформата на подводниот бунар експлодира на 20 април, 11 работници загинаа. Два дена подоцна нафта почна да тече од бунарот, загадувајќи го чувствителниот јужен брег на САД, и нанесувајќи штета на риболовната и туристичката индустрија.
Претставници на БП велат дека продолжуваат да трагаат по одговори за тоа зошто дошло до експлозијата.
Претседателот Барак Обама ги поздрави вестите. Tој ваквиот развој го нарече „важен настан“, и додаде дека неговата администрација е подготвена да стори „се` што е во нејзина моќ да обезбеди целосно опоравување на крајбрежјето на Заливот од несреќата“.