Линкови за пристапност

Крајбрежната гарда вели нема знаци за истекување на нафта


Капетанот на Крајбрежната гарда Петер Тродсон кажа дека бродови и авиони не забележале нафта околу платформата што експлодира во близина на брегот на Луизијана во четвртокот.

Нафтената платформа што експлодира во Заливот на Мексико е втор инцидент од овој вид за последниве пет месеци, но американската Крајбрежна гарда вели дека овој пат нема знаци на истекување на нафта.

Капетанот на Крајбрежната гарда Петер Тродсон кажа дека бродови и авиони не забележале нафта околу платформата што експлодира во близина на брегот на Луизијана во четвртокот. Тој ги корегираше претходните извештаи во кои стоеше дека дамка од нафта со големина од над 1,5 километри во должина се проширила по експлозијата.

Тродсон исто така рече дека пожарот на платформата со која оперирала Маринер Енерџи, е ставен под контрола. Пожарот ги натерал 13-темина членови на екипажот на платформата да скокнат во вода, но Тродсон вели дека сите се спасени.

Во април, платформа дадена под закуп од БП експлодира во Заливот на Мексико, убивајќи 11 лица и започнувајќи едно од најголемите иаливи на нафта во американската историја.

XS
SM
MD
LG