Линкови за пристапност

Светските нафтени компании под притисок околу климатските промени


Некои од најголемите светски нафтени компании се под притисок да преземат повеќе активности за решавање на климатските промени.

Акционерите на „Ексон Мобил“ во средата избраа најмалку два члена предложени од хеџ фондот да учествуваат во 12-члениот одбор на директори на компанијата.

Фондот рече во изјавата претходно оваа недела дека на одборот му требаат „директори со искуство во успешни и профитабилни трансформации во енергетската индустрија кои можат да помогнат да се претворат аспирациите за решавање на ризиците од климатските промени во долгорочен деловен план“.

Акционерите на „Ексон Мобил“ исто така гласаа за предлогот со кој се бара компанијата да известува за своите активности за лобирање во климатските промени.

Вчера, беше донесена пресуда од холандски суд со кој се наложува Ројал Дач Шел да ги намали своите емисии на јаглерод до 45 отсто до 2030-та година во споредба со нивото од 2019-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG