Линкови за пристапност

Охриѓанец тренира канаринци за натпревари во пеење


Охриѓанец тренира канаринци за натпревари во пеење
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Охриѓанец тренира канаринци за натпревари во пеење

Охриѓанецот Биљгин Ајдинче веќе петнаесет години се занимава со одгледување и дресура на канаринци од светски признатата раса „Славујар“.

Со нив тој станал два пати шампион на Македонија, а двапати бил и балкански првак. Овие птици можат да произведат и до петнаесет различни мелодии за една минута.

„Пролетниот период од февруари-март до месец мај е периодот кога ги размножуваме птиците и одгледуваме млади. На дваесет и пет дена ги одвојуваме од своите родители и птиците одат на школување, каде 4-5 месеци поминуваат на школување. После тој период крај август, почеток на септември, најдобрите птици почнуваат со тренинг и испитување каков им е квалитетот и продолжуваме со натпревари“ вели Биљгин Ајдинч, одгледувач на канаринци.

Низ оваа постапка мора да помине секоја од птиците кои припаѓаат на светски признатата раса на канаринци „Славујар“. Одреден период тие поминуваат во големи кафези, каде се развиваат но и учат различни мелодии од професионално изработена трака, која содржи околу четириесет такви мелодии.

„Дваесет и седум се задолжителни кои мора птицата да ги знае и тринаесет се слободни. Сите мелодии мора перфектно да ги испее без грешка. Откако ќе ги одвоиме во помали кафези, птиците ги затемнуваме. Буквално 24 часа тие се во темница. Кога ќе ги извадиме на првата светлина тие почнуваат да пеат и да ги имитираат слушаните мелодии“ вели Ајдинч.

Со нив овој млад човек има освоено бројни награди на домашни и меѓународни натпревари иако правилата за натпреварување се строги и не така лесно се стигнува до врвот. Два пати пат бил шампион на Македонија и два пати балкански првак во 2017 и 2019 година.

Иако со одгледување на овие птици се занимава уште од 2006 година, вели дека за него ова е само хоби, а многу помалку можност за заработка.

„По некои информации Романија ги продава сите птици за арапските држави, каде и цените се огромни. Ние тие цени не можеме никогаш да ги постигнеме. Една птица за таму достигнува и до 500 евра“ вели Ајдинч.

Kај нас цената за нив е помеѓу 50 и 100 евра. Ако се одгледуваат во добри услови нивниот животен век е околу десет години. Станува збор за петта призната раса како пејачка птица во светот, која ги емитира дивите птици, а кои за време од една минута можат да произведат и до 15 различни мелодии.

XS
SM
MD
LG