Линкови за пристапност

Охридско лето годинава со „две отварања“, едно на 12 јули и друго на 26 јули со настапот на Џон Малкович


естивалот ќе го отвори, романската сопранистка, светски познатата, Анџела Георгиу, заедно со Националната опера и балет на Северна Македонија, под диригентската палка на Чипријан Теодорашку.
естивалот ќе го отвори, романската сопранистка, светски познатата, Анџела Георгиу, заедно со Националната опера и балет на Северна Македонија, под диригентската палка на Чипријан Теодорашку.

Охрид годинава по 63 пат ќе биде домаќин на повеќе од 1 000 уметници од земјава и странство, кои со своите музички и театарски изведби ќе го збогатат годинешново Охридско лето, најпрестижната културна манифестација во Северна Македонија.

Во рамките на четириесетте фестивалски денови, на сцените на Античкиот театар, црквата Света Софија, Долни Сарај и Центарот за култура. Фестивалот ќе го отвори, романската сопранистка, светски познатата, Анџела Георгиу, заедно со Националната опера и балет на Северна Македонија, под диригентската палка на Чипријан Теодорашку.

Дневниот весник „Њујорк Сан“, Анџела Георгиу ја нарекува „најгламурозната и најталентирана оперска ѕвезда на денешницата“. Нејзините снимки се на носачи на звук на дискографските куќи Ворнер и Еми класикс, Дека и други.

„Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Таа се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција“, велат од Охридско лето.

Директорката, Наташа Поповиќ, вели дека фестивалот годинава има две отварања, алудирајки на доаѓањето на светски познатиот актер, американскиот продуцент и режисер Џон Малкович. Тој ќе настапи на 26 јули.

„Американската филмска ѕвезда со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и оркестарот на Виенската академија е најексклузивниот гостин, кој ќе се запише во листата на најголемите уметници, кои настапиле низ фестивалската историја на „Охридско лето“, рече Поповиќ.

„Многу сме горди што од година во година Охридско лето е се подобар и има се подобра понуда за нашата публика. Оваа година семе многу среќни затоа што ќе имаме речиси две отварања, што значи дека на отварањето на музичиот дел и на официјалното отварање ќе настапи големата оперска дива Анџела Георгиу. Вториот настан од овој тип е настапот на премногу славниот во светот, актерот Џон Малкович. Тоа се два настани кои ќе бидат централни на фестивалот.Но имаме и навистина големи музички имиња кои ќе настапат“, изјави за Гласот на Америка селекторката на музичката програма на „Охридско лето“, Бисера Чадловска.

Два дена по свеченото отварање, односно на 14-ти јули, во предворјето на црквта Света Софија, ќе се одржи Американска вечер. Театарска претстава- монодрама, „Бикот на Фаларис: Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет (и нашата болка станува убавина)“ е напишана и ќе биде изведена од Стивен Фридман.

Овде е и шпанската вечер каде ќе настапи камерниот ансамбал, Ла Спања, Роман Симовиќ на виолина од Црна Гора, дувачкиот камерен ансамбл „Камерата академика“ од Словенија, виолинистот Роман Симович, светски познатиот пијанист Алексеј Ботвинов од Украина.

Од македонските уметници ќе настапат пијано дуото Гелебешеви, триото „Аура“, концерт на Музичка младина на Македонија, пијанистите Дино Имери и Мимоза Ќека со свои индивидуални рецитали, Музичка младина на Македонија, ден пред свеченото затворање свој настап ќе има хорот „Про арс“ под диригентство на Сашо Татарчевски, а за роденденот на фестивалот, на 4 август, ќе се слуша фадо музика, во изведба на Жоана Амендоеира, Педро Амендоеира и Жоао Филипе од Португалија.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат 34 концерти и 7 театарски претстави. Ќе има и балет, изложби и промоции на книги.

XS
SM
MD
LG