Линкови за пристапност

Се чистат фреските во „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид


Се чистат фреските во „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Конзерваторите го заштитуваат вредниот материјал, со цел да го вратат во состојба како од 13-тиот век

Се заштитува фрескоживописот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, стара девет века.

Македонски конзерватори веќе трета година го чистат вредниот материјал, со цел да го вратат во состојба како од 13-тиот век. Во почетните активности биле вклучени и италијански историчари на уметноста.

Гласот на Америка успеа да влезе во објектот, во кој фотографирање и снимање се целосно забранети за да не се оштетат фреските.

Раководителот на тимот конзерватори МомчилоТрајковски, од Националниот конзерваторски центар во Скопје, вели дека цркавата, која е културно-историско богатство ја затекнале во многу лоша состојба.

Вели дека ако не почнеле со заштитата, постоела опасност фрескоживописот уште повеќе да пропаднел.

„Беа наталожени разни видови соли, гипсова краста. Имаше микробиолошки оштетувања и црнила. Влагата беше решена со санација на кровот и на дренажниот канал. Оваа црква е дело на авторите Михаило и Евтихиј, и тие се врвот на Византиското сликарство. Таа e една од многуте значајните дела од времето на Византијата“, вели Трајковски.

Свештеникот Љупчо Симиџиоски објаснува дека сите икони во црквата се од 13-тиот век. Според него е неопходна нејзина поголема презентација пред светот.

Има повеќе видови икони кои се посветени на Мајката Божја. Една од тие икони која е насликана тука е Богородица со Христос и се нарекува Перивлепта, од старо грчкиот збор „она што гледа“. Ваква каква што е, е единствена во оваа црква. Таа е оригиналот “, вели Симиџиоски.

Овој проект, кој се очекува да заврши набргу, се реализира со помош на Амбасадата на САД во Скопје, во висина од 450.000 американски долари.

„Се направи комплетна конзервација на архитектурата на црквата, како и на Камбанаријата, а се работи на конзервација и на ревитализација на манастирскиот конак“, вели Тања Паскали-Бунташеска, директор на Музеј Охрид.

Досега Американската амбасада, со нејзини средства учествувала и во други проекти, како што е конзервацијата на стари ракописи во Државниот архив во Загреб.

Црквата, која се наоѓа во центарот на стариот дел на градот, била изградена во 1295 година, од византискиот војсководeц Прогон Згур.

XS
SM
MD
LG