Линкови за пристапност

Глобален инвестициски самит во Охрид


Нема долгорочен бизнис без иновации, рече премиерот Никола Груевски на отварањето на собирот

Со учество на над 350 претставници на највлијателни компании од Република Македонија и од 20 земји во светот, денес во Охрид започна со работа Вториот глобален инвестициски самит.

Нема долгорочен бизнис без иновации, истакна премиерот во Владата на Република Македонија Никола Груевски на отварањето на Вториот глобален инвестициски самит што се одржува во Охрид.

Тој додаде дека само визијата, зад која стои легитимна демократска поддршка и одлучната акција за нејзино преточување во реалност може да и` овозможат на една држава побрзо и посигурно да зачекори на патеката на економскиот просперитет.

„Истовремено, како политичари изложени сме на силен притисок да испорачаме резултати во краток рок, за да ја зачуваме конкурентноста на сопствената политичка опција. Оттука, главниот предизвик е да се најде вистинкскиот баланс меѓу краткиот и долгиот рок, иако за волја на вистината, многу пати досега сме жртвувале некои краткорочни успеси во интерес на остварувањето на долгорочната визија за посилна и поконкурентна македонска економија“, рече премиерот.

Според претседателот на Македонија 2025, Мајк Зафировски, овој форум ќе овозможи да се поттикнат странските нвестиции во земјава, да се поттикне соработката со локалните фирми со кои ќе се споделат најдобрите практики за формирање мали и средни претпријатија,но и ќе се поттикнува отварањето нови работни места.

„Немаме некои посебни очекувања во Македонија 2025, освен очекувањето Република Македонија да напредува и национално и регионално, да напредуваат бизнисите, да има вмрежување, да видиме мотивирани фирми и странски инвестиции. Минатогодишниот форум беше многу успешен, но гледате имаме амбиции и не застануваме тука“, истакна Зафировски, според кого Македонија бележи напредок во последните 10 години, но сепак, како што рече, тој треба да биде поагресивен.

Претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски на отварањето рече дека Македонија има потенцијал да стане лидер во повеќе иновативни сектори, како ИТ, органското производство на храна и обновливите извори на енергија.

„Успесите на земји кои предводат со степенот на конкуреноста како Естонија. Литванија, Латвија не` уверуваат дека големината на земјата не е пресудна. Таа ни дава основана надеж дека доколку правилно ги искористиме ресурсите во земјата и ги насочиме луѓето за кратко време Македонија може да го достигне растот на споменатите земји“, нагласи Мартиновски.

Во насока на подобрување на бизнис климата и поттикнување на конкурентноста, во рамките на самитот се предвидени 100 билатерални средби.
XS
SM
MD
LG