Линкови за пристапност

Охрид: Прва средба Иванов-Нишани


Ivanov, nesër takim me drejtuesit e partive parlamentare
Ivanov, nesër takim me drejtuesit e partive parlamentare

Евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност заклучија претседателите на Македонија и Албанија

Претседателотите на Република Македонија Ѓорге Иванов и на Албанија Бујар Нишани денес во Охрид ја остварија првата неформална средба.
Претседателите сметаат дека има области во кои постои неискористен потенцијал за зајакнување на соработката.

Заемна констатација беше дека политичките односи меѓу двете земји се на ниво кое овозможува целокупната енергија и капацитети во иднина да бидат фокусирани на развојот на економската соработка, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, развој на туризмот, соработка во борбата против организираниот криминал, во сферата на културата и заштитата на културното наследство, како и во сферата на заштита на животната средина, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.

Од разговорите произлегла согласност дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој.
Претседателот Иванов изрази благодарност за досегашната поддршка за членството на Македонија во НАТО, како и очекување истата да продолжи и во иднина.

Денешната средба беше во сенка на немилиот настан во кој при доаѓањето кон Охрид, во сообраќајна незгода загина еден од телохранителите на албанскиот претседател Бујар Нишани, а друг полицаец од албанското МВР е повреден. Незгодата се случила кога возило од придружбата на Нишани се превртело меѓу Пеќин и Елбасан. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изразил длабоко жалење за сообраќајната несреќа.
XS
SM
MD
LG