Линкови за пристапност

Политичката криза ги намали туристичките аранжмани во Охрид


Во Охрид намалени резервациите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Хотелската асоцијација во Македонија вели дека резервациите за оваа туристичка сезона се намалени за 30 проценти

Охрид и Струга, како најголеми туристички центри во Македонија, најмногу ќе го почувствуваат ударот од актуелната политичка криза во земјава, велат туристичките работници. Според нив бројот на резервирани аранжмани е помал во однос на минатата година.

Крсте Блажески од Хотелската асоцијација во Македонија, за Гласот на Америка, вели дека кризата најмногу ќе се одрази на гостите од Холанија бидејќи се најбројни.

Дополнителен проблем за туристичкиот сектор се и неодамнешните повици на амбасадите на Холандија и на Велика Британија, кои ги повикаа нивните граѓани да бидат внимателни при патување во Македонија.

„Имаме намалување од околу 30 проценти, повеќе или помалку. Интересот не е како што беше пред неколку години, и тоа е поради ситуацијата во земјава во моментот. Ако за една држава или дестинација гледате на вести лоши работи, тоа не е маркетинкшки позитивно и нема да се добијат повеќе ноќевања“, вели Блажески.

Влатко Сулев, претседател на Асоцијацијата на туристички агенции за дојдовен туризам, вели дека растот на кој се надевале всушност ќе биде помал.

„Јас работам на италијански и на француски пазар, и за сега од италијанскиот пазар имаме една до две групи откажано, а со францускиот оди тешко. Друго е кога нешто ќе се случи во Париз, и кога ќе помине за пет месеци и ќе се заборави, клинетите се враќаат. Ние работиме дваесет години на промоција и сега резултатите кога треба да почнат да доаѓаат ни се случуваат некои работи“, вели Сулев.

Но, локалните власти во Охрид со спротивно мислење. Очекуваат дека сезонските авиолинии од Лондон, Белград и чартер линијата на компанија „Томас Кук“ ќе донесат повеќе гости.

„Според податоците кои пред неколку дена ги собравме од хотелите на охридската ривиера, за 80 до 90 отсто бележиме исполнетост во сите хотели. Јас сум убеден дека оваа година ќе имаме значително подобрување на остварени посети и ноќевања. Се работи многу и на туристичката инфрастуркутра, а се работи и во делот на туристичката понуда“, вели Ѓоко Апосстолов од Општина Охрид.

XS
SM
MD
LG