Линкови за пристапност

Ќе остане ли Македонија дел од туристичките каталози?


Ќе остане ли Македонија дел од туристичките каталози?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Туристичките работници очекуваат подобрување, но, велат дека оваа летна сезона може уште да се чувствуваат последиците од кризата

Крајот на политичката криза е добар момент за туризмот во земјата, коментираат туристичките работници.

Но, велат дека претходните случувања може негативно да се одразат следната година, и Македонија да не биде вклучена во каталозите на некои странски туроператори.

Влатко Сулев, претседател на Асоцијацијата за дојдовен туризам, вели дека минатата година причина за таквата ситуација била мигрантската криза.

„Каталозите се затвораат најдоцна до септември за Западна Европа, американскиот туристички пазар и за други дестинации. Сега менаџерите одлучуваат кои држави ќе влезат. Во многу лош период ни` се случија работите, така што во 2018-та година сигурно ќе се почувствуваат последиците“, вели Сулев.

Крсте Блажески, претседател на Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ), вели дека решавањето на кризата ќе биде добар момент за сите бизниси, вклучувајќи го и туризмот.

„Ако гледаат профит ќе не` земат превид, ако не гледаат, нема да не` вклучат во каталозите“, вели Блажески.

И покрај стравувањата, туристичкиот еснаф се надева на добра летна сезона на Охридското Езеро, бидејќи повеќе од 50 отсто од граѓаните на Охрид и на Струга егзистираат од туризмот

„Туризмот ни е единствена шанса да ја подобриме економската ситуација во нашите семејства. Би било многу тешко ако се намали бројот на посетители.1989-та година можеби беше најдобра за туризам. Се` уште не можеме да го постигнеме тоа. Тогаш имавме повеќе од еден милион посетители, од кои 75 проценти беа странски туристи“, вели туристичкиот водич Климент Наумов.

Угостителите велат дека сезоната ќе биде среќна.

„Имаме капацитет, луѓе и природна убавина. Само треба дисциплина и градот да биде чист. Да се почитуваат законите“, велат угостителите.

И покрај тоа што плажите во овој момент се` уште не се полни, туристичкиот еснаф очекува повеќе туристи годинава, за најмалку десет проценти, во споредба со лани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG