Линкови за пристапност

Ретроспектива на Охридско лето


Ретроспектива на познатиот фестивал Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

На 57-та по ред манифестација имало преку 30.000 посетители

Повеќе од 1.000 уметници настапија на 57-то издание на фестивалот Охридско лето кое помина во знакот на полни гледалишта и задоволни учесници. Околу 30.000 посетители ги проследиле настапите на многубројните музички изведувачи и театарски претстави речиси од целиот свет.

„Античкиот театар го наполнивме двапати до последното место,а за останатите настани се бараше карта повеќе.Света Софија беше преполна секоја вечер за класичната музика. На Долни Сарај имавме прекрасни концерти.Охридско лето ќе се труди да ја продолжи онаа практика која ја имаше досега да го вклопи и туризмот, односно да се развива и тој културен туризам“, изјави Сузана Вренцовска, директорка на фестивалот.

Покрај џез-викенд, манифестацијата годинава ќе остане запаметена и по музичко-сценскиот спектакл „Вивалдијано“, на роденденот на Охридско лето на 4-ти август, како и проектот „Рок симфонија“ на Камерниот оркестар од Битола и Влатко Стефановски на гитара.

„Имавме рекордни 33 музички настани и два балетски спектакла. Голем број на двојни концерти. Морам да ги истакнам светски познатите уметници Лиља Зилберштајн на пијано, Александар Синчук и Игнасио Родез. Прекрасните концерти кои ни ги понуди камерниот оркестар Елк од Кина. Сметаме дека наредната година отварањето треба да се врати со сериозна класична музика“, истакна Ѓорѓи Цуцкоски- селектор на музичкиот дел.

Тој ветува спектакуларно отворање за наредната година, додавајќи дека ќе настапат два големи ансамбла од областа на културата воопшто.

Драмската програма пак година донесе театарски претстави од сите жанрови, но и две премиери.

„Не можам да издвојам некој настан, но ќе кажам дека 233-та изведба на камерниот театар 55, со претставата „Жаба“, беше спектакал во однос на програмата и неговата посетеност. На големо изненадување „Јами дистрикт“, еден алтернативен театар во еден туристички центар кој наиде на голем одек од публиката. „Сон на летната ноќ“ на битолскиот театар која беше најпосетената претстава“, изјави Зоран Љутков, селектор на драмскиот дел.

Најголемиот фестивал од ваков вид во Македонија и во иднина ќе води политика на пронаоѓање на нови фестивалски сцени како што беше на затворањето на 20-ти август, кога театарската претстава „Ничија земја“ на МНТ беше изведена на просторот кај некогашната воена касарна во Охрид. Програмата за наредната година е веќе готова.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG