Линкови за пристапност

Охрид- град за венчавки од цел свет


Македонија - Oхрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Американец и Македонка, се венчаа во црквата „Свети Јован Канео“, поради како што велат, несекојдневната енерагија на ова место

Охрид ја прослави љубовта меѓу Американец и Македонка, кои одлучија да се венчаат во една од најубавите охридски цркви „Свети Јован Канео“, со поглед кон Охридското Езеро.

Ствен и Ирена, за Гласот на Америка, ја раскажаа нивната несекојдневна приказна.

Стивен, кој по професија е научник за езерска хемија и биологија, вели дека се заљубил во Охрид, откако минатата година првпат дошол тука.

„Охрид отсекогаш ми бил најубаво место во Македонија. Лани го донесов и Стивен за првпат во Македонија, и тој се заљуби во Охрид. Одлучи дека мора тука да се земеме“, рече Ирена, а на нејзиниот коментар се надоврза и Стивен.

„Ова е многу специфично езеро и многу посебен регион. Дефинитивно овде има силна енергија, која двајцата ја почувствувавме. Иако се сртнавме во САД, се вративме на ова место да се венчаме“, рече тој.

Стивен и Ирена, во присуство на голем број роднини и пријатели, не само од Македонија туку и од Вашингтон, ветија дека ова нема да биде нивно последно доаѓање во Охрид.

И свештеникот Љупчо Симиџиоски вели дека тие се едни од многуте странци, кои сакаат да се венчаат во Охрид.

„Карактеристично е тоа што овде доаѓаат и од други држави, а ова лето особено од западните земји. Го избираат ова свето место бидејки претежно доаѓаат по вода до него“, вели свештеникот Љупчо Симиџиоски.

Пред неколку години, брачен пар од Македонија и Казакстан, одлучи да се венча, под површината на Охридското Езеро, на длабочина од три метри, кај изворите кај Свети Наум.

XS
SM
MD
LG