ОХРИД —
Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ веќе осум години работи на остварувањето на препораките од Брисел и добрососедските односи.
Ова денеска во Охрид го изјави Никола Попоски, министерот за надворешни работи на Република Македонија, кој претседаваше со формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на македонското претседавање со Процесот.
„Треба да учиме од минатото додека градиме сериозни изгледи за иднината. Очекуваме со ваквите средби да придонесеме за зголемена регионална соработка. Во изминатите 17 години имавме фундаментална политичка, економска, социјална и културна размена. Се соочивме со многу предизвици, цел ни е да најдеме решенија за нив. Треба заеднички да стоиме и да се поддржуваме кога и да е неопходно. Тоа е и рамката на ПСЈИЕ“, рече Попоски.
Потенцирајќи дека Република Македонија ќе остане упорна во остварувањето на евроатланската цел, тој ја изрази подготвеноста за меѓусебната соработка и партнерството, како и заедничкото решавање на проблемите.
„Регионот се повеќе се приближува кон Европската Унија. Како што рече Ирската министерка Лусиндра Крејтон и еврокомесарот Филе, оваа година изобилува со можности во однос на проширувањето. На минатонеделната конференција посветена на солунската агенда во Даблин беше постигната согласност дека процесот на проширувањето нема да биде завршен без приклучување на целиот Балкан“, истакна министерот Попоски.
Бугарија е голем заговарач за прием на земјите од регионот во ЕУ и НАТО, според новиот бугарски министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, кој подвлече дека нема подобар начин за започнување на новата функција од ваква средба за регионална соработка.
„Бугарија е свесна за својата одговорност во регионот и како членка на ЕУ и НАТО е голем заговарач за прием на земјите од регионот во овие организации, но членството е остварлива цел кога ќе се исполнат критериумите“, рече шефот на бугарската дипломатија.
Учесници на состанокот во Охрид се и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, претставници на други меѓународни организации, министрите на Хрватска Весна Пусиќ, на Црна Гора Игор Лукшиќ, на Србија Иван Мркиќ, замениците-министри на БиХ, Турција и Косово, политичкиот директор од грчкото Министерство за надворешни работи, како и романскиот државен секретар.