Линкови за пристапност

Охридски астрономи го ловеа минувањето на Венера пред Сонцето


Фотографии од реткиот феномен, направени утрово кај хотелот „Сончева порта“.

Реткиот небесен настан - минувањето на Венера пред Сонцето утрово го овековечија ентузијастите од Аматерското астрономско друштво од Охрид. Фотографиите од феноменот што нареден пат ќе се случи дури 2117-та ги направија членовите на Друштвото Стојан Стојановски, Сашо Божиноски и Никола Билбилоски.

„Користевме телескоп за да го забележиме настанот со фото-апарати на Никон и уште еден фото-апарат Канон, опремен со телеобјектив, вели Стојановски.

Фотографиите се направени во 06:10 часот кај хотелот „Сончева порта“ во близина на Охрид.

Ова не е првпат младите фотографи од астрономското друштво да ловат по небото со апаратите. Тие направија и фотографии од целосното затемнување на Месечината на 15-ти јуни, а истите беа објавени и на глобалната ТВ-мрежа ЦНН.

Во период од речиси седум часа, сенката на Венера - црна точка, 32 пати помала од Сонцето, беше видлива пред сончевиот диск и можеше да се набљудува дури и со голо око, но посекако со заштитни очила, како што препорачаа стручњаците.
XS
SM
MD
LG