Линкови за пристапност

Регионална конференција за активен туризам


Повеќе од 300 делегати, и новинари од 25 влијателни светски медиуми, на првата ваква конференција која се одржува во Охрид

Учесниците ќе имаат можност да ги видат условите за параглајдинг кои ги нудат Охрид и Крушево, но и убавините на Галичица и мечките на Маврово. Активниот туризам е еден од најголемите трендови во туризмот. Сметам дека Македонија има големи компаративни предности за развој на овој вид на туризам, изјави Лела Крстеска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Учеството на 17 земји на оваа конференција е најдобар показател за тоа. Бројките од изминатите неколку години покажуваат дека Македонија има најголем раст на туризмот во регионот и јас се надевам дека тој тренд ќе продолжи и се повеќе туристи од целиот свет ќе ја посетуваат земјата“ изјави Марјан Хрибар од Светската туристичка организација.

Според Татјана Аниќ од „Explorer Srbija”, неопходна е поголема професионалност за развој на активниот туризам.

„Потребни се повеќе специјализирани туристички водичи, соодветни мапи со опис на туристичките тури, прилагодени на луѓето кои преферираат активен туризам“, истакна Аниќ.

На тридневната конференција, што ќе се одвива под мотото „Знаење. Партнерство. Раст“, ќе присуствуваат повеќе претставници од јавниот и приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа кои ќе се поврзат со меѓународните туроператори од 16 држави. Ќе има претставници од реномирани медиуми како „The Guardian“, „New York Times“ и „National Geographic“.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија ја организира конференцијата во соработка со Меѓународното здружение за активен туризам (Adventure Travel Trade Association - ATTA) и со поддршкаа од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

XS
SM
MD
LG