Линкови за пристапност

Охрид обоен во сино за поддршка на лицата со аутизам

Целта е да се испрати силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства

Охрид се приклучи во одбележување на Меѓународниот ден на лицата со аутизам, кога илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот се обоени во сино.

И во Охрид по тој повод, во сино се обоени неколку значајни културно-историски локалитети, како што се Самоиловата тврдина, црквата "Света Софија", Куќата на Робевци, објектот на Градската библиотека и други.

Иницијативата е на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, лионс клубот "Лихнидос" и компанијата "Пап" од Охрид.

Целта е да се испрати силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. На глобално ниво се одржуваат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на љубезен и инклузивен свет за сите.

Инаку во Северна Македонија се уште не постои регистар на лица со аутизам, па поради тоа нема и точни податоци колкава е нивната бројка, иако претпоставките дека станува збор за неколку илјади.

XS
SM
MD
LG