Линкови за пристапност

Намалувањето на Охридското Езеро може да се одрази врз плашицата


Намалувањето на Охридското Езеро може да се одрази врз плашицата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Еколозите се загрижени оти нивото почнало да опаѓа на почетокот на годинава, а досега никој не презел мерки тоа да се спречи

Намалувањето на нивото на Охридското Езеро три сантиметри под дозволениот минимум, предизвика сериозна загриженост кај еколозите и експертите.

Според нив, ваквата појава може да се одрази врз живиот свет во езерото, особено врз плашицата. Велат дека нивото почнало да опаѓа на почетокот на годинава, но, никој не презел мерки тоа да се спречи.

Трајче Талески од Хидробиолошкиот институт во Охрид вели дека Охридското Езеро не е акумулација на Електрани на Македонија-ЕЛЕМ, за да го користат за производство на електрична енергија.

„Природната кота е 693,17, а 693,75 е максималната кота на Охридското Езеро, и над неа не смее да се оди. Во тие 60 сантиметри, Дримските централи треба да го регулираат производството. Се поведе една иницијатива преку невладините организации, дека ова што се прави од страна на ЕЛЕМ е незаконски и оти се испушта вода за производство на струја надвор од законскиот минимум. Имаше одредени периоди на недостиг на струја, меѓутоа тоа не значи Охридското Езеро и вода од прва категорија да се користат за производство на електрична енергија“, вели Талески.

Претставници на Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје (УХМР) велат:

„Потврдуваме дека има низок водостој и дека треба многу внимателно да се испушта водата од езерото кај Струга“, вели Васко Стојов, раководител на хидрологија во УХМР.

Охриѓани велат дека езерото е многу изменето.

„Многу лошо изгледа, треба да се води грижа“, вели жител.

ЕЛЕМ велат дека не е точно оти неконтролирано се испушта вода од Охридското Езеро во Црн Дрим.

Тие објаснуваат дека место седум кубни метри вода во секунда, испуштале 3,5 до четири метри, и додаваат дека брзото намалување на водостојот било поради сушната зима, а не поради производство на струја.

XS
SM
MD
LG