Линкови за пристапност

Јапонски крап закана за Охридското Езеро


Како надлежните ќе се справат со јапонскиот крап во Охридското Езеро?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Никој не знае како оваа риба се нашла во Езерото, но, биолозите предупредуваат на негативни последици врз живиот свет

Ова е јапонски крап, нов неавтохтон и некарактеристичен вид риба во Охридското Езеро.

Неодамна бил забележан и фотографиран на длабочина од 4,5 метри од членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид.

Никола Паскали, член на клубот, раскажува дека ненадејната средба траела околу десет минути.

„Беше доста плшлив. Голем околу три до четири килограми. На видеото се гледа дека има карактеристика на риби кои се чувани во аквариум. Поради малиот простор не растат доволно големи, и потоа кога ќе ги пуштиме на слобода, со самото растење скелетот постепено се издолжува“, вели Паскали.

Никој не знае како се нашла во Езерото, но, Паскали претпоставува дека можеби е донесена од аквариум.

„Треба да се грижиме повеќе за Езерото и повеќе да не среќаваме вакви неавтохтони риби“, вели тој.

И Клубот за подводни дејности „Амфора“ неодмана регистрирал нов гостин во Охридското Езеро - рибата позната како сончарка, за која велат дека природно не припаѓа во овој екосистем.

Билозите сметаат дека секој нов вид риба може да се одрази негативно врз рибната популација во Езерото. Велат дека после нивното внесување, следува процес на размножување, освојување на простор и зголемување на нивната популација.

„Сончарката за разлика од останатите видови риба може да биде многу опасна. Таа е доста агресивна. Во Охридско Езеро сега по вторпат е забележана, меѓутоа во малку поголем број. Јаде мали рипчиња, па така може да влијание врз популацијата на другите риби“, вели Трајче Талески, биолог од Хидробиолошки завод во Охрид.

Талески вели дека се неопходни итни чекори за нивно елиминирање од Езерото.

„Јасно е дека паралелно ќе се изловат и други риби, но, подобро е тоа, само за да може од овој вид риба да остане што помалку“, додава тој.

Биолозите сметаат дека сите риби кои се внесуваат на овие простори се од таканаречена кинеска компонента на риби. Според нив, сето ова зборува за човековата негрижа за Езерото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG