Линкови за пристапност

Илијада од Хомер ќе го затвори Охридско лето


Вечерва завршува Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Вечерва завршува 58-то издание на фестивалот, а веќе почнаа подготовките за в година

Многу музика и театар донесе годинешново издание на Охридско лето.

Разновидна програма со настап на повеќе од 800-тини врвни уметници од различни страни на светот, приредија несекојдневно доживување за публиката.

Организаторите велат дека и покрај намалениот буџет, годинава била најуспешна досега.

„Интересот за посета на фестивалските настани беше голем. Онлајн продажбата е далеку поголема од минатите години. Се купуваа карти од целиот свет. Според нашите податоци, имаме над 20.000 посетители кои дојдоа за фестивалот наменски“, рече директорката на Охридско лето Сузана Вренцовска.

Подготовките за следниот фестивал веќе се почнати.

„Веќе договорив со `Дојчес театар` од Берлин, која е една од водечките германски театарски куќи. Договорено е за наредната година. Такви има и други, како на пример Националниот театар во Будимпешта, Петар Вук театарот. Веќе воспоставивме контакт. Ги очекувам следната сезона, само мора буџетот да биде поголем“, изјави музичкиот селектор Александар Поповски.

„Во преговори со некои од амбасадите во Македонија веќе имав разговор за еден национален оркестар, и додека не се договориме детално за се`, нека остане тајна. Разговараме и со други врвни светски уметници, како и други состави, камерни состави, квартети од различни профили“, рече музичкиот селектор Васо Ристов.

Фестивалот најави дека и во иднина големо внимание ќе им се посвети на домашните уметници и театарскита групи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG