Линкови за пристапност

Закачалка на добрината поставена во Охрид


Закачалка на добрината поставена во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Иницијаторите порачуваат „Кој има нека донесе, кому му треба нека земе“.

Една обична закачалка од домот на охриѓанката Виолета Аврамоска се претвори во закачалка на добрината. Поставена на тротоар на булеварот Туристичка во Охрид, сега секој кој сака може да закачи по некое ќесе со храна и други неопходни намирници, наменети за оние кои немаат, во ова време на ширење на пандемијата од корона вирусот. Виолета вели дека заедно со своите пријатели се воделе од девизата „Кој има нека донесе, кому му треба нека земе“.

„Се одлучивме поттикнати од еден прилог за еден човек од Велес кој молеше за храна, a на социјалните мрежи прочитавме за самохраната мајка со три дечиња, која исто така бараше помош од храна. Поттикнати од тоа со моите пријатели одлучивме, да пробаме да поставиме т.н закачалка на добрината на која ќе донираме храна. За сега сме задоволни“, вели Аврамоска.

Иако не се гледаат како херои на ова време, велат дека она што го прават треба да биде поттик и за други нивни сограѓани да помогнат на оние на кои помошта во овој момент им е неопходна.

„Целта ни беше да ја поттикнеме хуманата страна на охриѓани. Свесен сум дека сите го имаме тој аспект во нас и се надевам дека за сега добро ни оди и оти така и ќе продолжи, дека се повеќе ќе донираат охриѓани. Може да закачат најнеопходни прехранбени производи кои во моментот се најпотребни на најранливите категории граѓани“, вели Новица Ристески, жител на Охрид.

„Убедена сум во хуманоста на охриѓани, но се плашев, дали ќе се осмелат оние на кои им е најпотребно, да ја пружат раката, бидејки најчесто тие кои имаат најголема потреба се најтифките и најсрамежливите. Ние секако дека ќе продолжиме се додека има потреба и се додека трае вонредната ситуација, a и понатака ако има потреба“, вели Аврамоска.

Овие луѓе планираат закачалки на добрината да постават и на други локации низ Охрид со цел оваа хумана мисија да се прошири што повеќе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG