Линкови за пристапност

Фестивалот„Охридско лето“ го прослави 50-тиот роденден


Фестивалот„Охридско лето“ го прослави 50-тиот роденден
Фестивалот„Охридско лето“ го прослави 50-тиот роденден

Со торта и шампањско, и потсетување на почетоците во 1961 година, беше одбележан големиот јубилеј на манифестацијата

„Кога новороденчето Охридско лето, заедно со мојот сопруг го крстивме токму со тоа име, верувавме дека концертите во Света Софија набргу ќе станат источиште на многу поширока, културна, летна активност во древниот Охрид, тој легитимен стожер на нашата културна самостојност".

Ова се зборови што ги напиша Ана Липша - Тофовиќ, првенка на Операта при МНТ, прославената македонска певица, која на 4 август 1961. година во Света Софија ги отпеа: Хендл, Моцарт, Бетовен и Глук.

Певицата, особена симболика нашла во Глуковиот "Орфеј", како нешто орфејско во прапочетокот, "како непресушна орфејска песна на мојот народ", рече певицата Ана Липша.

Така беше пред 50 години, под сводовите на катедралната црква Света Софија Софија во Охрид.

Со мецосопранот Марина Шутова и солистите од Болшој театарот, денеска фестивалот „Охридско лето“ го прослави својот 50-ти роденден, со торта и шампањско, и потсетување на почетоците во 1961 година, кога се роди манифестацијата.

„Приказната што се вика Охридско лето ја започна македонската оперска певица Ана Липша-Тофовиќ, по што се редеа многу врвни уметници и ансамбли“, рече директорот на фестивалот Васил Зороски присетувајќи се на бројните уметници кои оставиле посебен белег врз развојот на фестивалската историја.

За изборот на програмата и уметниците за оваа, јубилејна година зборуваше селекторот на музичкиот дел Гордана Јосифоска Неделковска

Во изминативе 50 години на Охридско лето учествуваа повеќе од 250 оркерстарски и хорски ансамбли, над 2 500 фестивалски приредби, и пет илјади музички и драмски дела.

По повод петдецениското постоење на фестивалот во катедралната црква Света Софија ќе биде промовирана и Монографијата- 50 години „Охридско Лето“.

XS
SM
MD
LG