Линкови за пристапност

Михаил Плетнев сепак доаѓа на „Охридско лето“


Михаил Плетнев сепак доаѓа на „Охридско лето“
Михаил Плетнев сепак доаѓа на „Охридско лето“

Ние го следиме целиот овој настан, и за нас е релевантен рускиот партнер. Од таму испратија официјален став и и ние стоиме на тоа, изјави Зоран Летра, претседател на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“.

Заедно со Рускиот национален оркестар, врвниот руски композитор Михаил Плетнев сепак во петок ќе пристигне во Охрид, потврдуваат од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“ и од Министерството за култура на Република Македонија.

По веста што ја објавија светските медиуми дека рускиот композитор Плетнев во градот Патаја во Тајланд бил уапсен под обвинение дека силувал 14 годишно момче, од дирекцијата на фестивалот информираат дека до нив утринава пристигнало официјално писмо од менаџерот на Плетнев, Мила Кресоја, потпретседателка на фондацијата која го носи неговото име, каде стои дека информациите не биле точни и дека биле првично објавени од дел од жолтиот печат во Русија, а потоа биле преземени и некои од поголемите светски медиуми:

„ Ние го следиме целиот овој настан, и за нас е релевантен рускиот партнер. Од таму испратија официјален став и и ние стоиме на тоа. Јас не навлегувам во тие шпекулации кога имаме официјално соопштение од руска страна и од Руската национална филхармонија. Охридско лето се отвара со еден од најпознатите светски диригенти“, изјави Зоран Летра, претседател на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“.

Од фестивалската управа сепак немаа одговор за тоа што ќе се случи доколку Плетнев сепак не дојде во Охрид. Светските медиуми јавуваат дека откако бил комплетно претресен неговиот дом, тој со кауција од 10.000 евра бил пуштен да се брани од слобода. Во писмото од руската страна стои и дека Плетнев не бил уапсен што било потврдено и од руската амбасада во Тајланд.

Додека неговите документи биле проверувани тоа било покажано на телевизија и било злоупотребено, а бил обвинет жител на Тајланд на кого, според руската страна, маестро Плетнев му ја дал куќата под закуп. Потребните чекори, како што тврдат од фестивалот за да се утврди вистината, биле преземени и од страна на руските министерства за надворешни работи и култура за да може вистината да се разјасни до крај.

XS
SM
MD
LG