Линкови за пристапност

Во Охрид претставен првиот суперкомпјутер во земјата


Во Охрид претставен првиот суперкомпјутер во земјата
Во Охрид претставен првиот суперкомпјутер во земјата

Новиот изум на младите докторанти е дизајниран со помош на студентите од втора година и е со брзина од три илјади милиони операции во секунда и содржи 260 процесорски јадра.

„Овој проект преставува успех на академската сфера на Македонија и се надевам дека и останатите образовни институции во земјата ќе го следат примерот на Универзитетот во Охрид, да се следат светските трендови“, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски при денешната презентација на првиот македонски суперкомпјутер.

Новиот изум на младите докторанти е дизајниран со помош на студентите од втора година и е со брзина од три илјади милиони операции во секунда и содржи 260 процесорски јадра. Системот ќе биде поврзан на интернет, а ќе можат да го користат бесплатно сите академски институции во Македонија.

„Особено сме задоволни што овој компјутер е изработен токму тука во овој универзитет, за кој очекуваме да стане елитна образовна установа, чиј рејтинг и углед од година во година постојано расте“, истакна Ивановски според кого ресурсите на овој компјутер ќе бидат бесплатно достапни на располагање на сите заинтересирани физички и правни субјекти во земјава.

Цената на суперкомпјутерот е околу 20 илјади евра.

XS
SM
MD
LG