Линкови за пристапност

Живко Митрески останува прв синдикалец во Македонија


Живко Митрески останува прв синдикалец во Македонија
Живко Митрески останува прв синдикалец во Македонија

Митрески најави нови ветришта во синдикалното работење во државава и нов принцип на одлучување.

Делегатите на 18-тиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Република Македонија му ја дадоа довербата на досегашниот в.д претседател, Живко Митрески.

Митрески најави нови ветришта во синдикалното работење во државава и нов принцип на одлучување. Новина е и Фондот на средства за протести и штрајкови, како и дополнителни фондови за социјална станбена изградба за работниците.

„Кризата, покрај економските проблеми, продуцира и сериозни социјални последици во работно-правната положба на работниците. Се изгубија голем број работни места, се зголеми невработеноста, има проблеми во редовната исплата на платите, се намали производството, се зголеми неликвидноста на претпријатијата, односно се создадоа голем проблеми во целокупниот развој“, рече во своето обраќање новиот претседател Митрески.

На Конгресот беше усвоена Резолуција за социјалниот дијалог и улогата на синдикатите во услови на економска и финансиска криза. Документот вели дека новиот Економско социјален совет ќе инсистира тој да ја врши функцијата на основен механизам во социјалното преговарање. Притоа, градењето нови модели на колективно договарање во услови на финансиска криза за ССМ и синдикатите ќе биде приоритетно прашање, беше договорено на 18-от Конгрес.

XS
SM
MD
LG