Македонија ги разгледува можностите за вклучување во гасоводните системи како поефикасен и поефтин извор на енергија. Ова денеска го кажа претседателот Ѓорге Иванов, отварајќи ја Меѓународната конференција за енергетска електроника и управување на движењето во Охрид.
„Живееме во време кога едно од суштинските прашања е токму ефикасното искористување на енергијата, пред се` поради скапата цена која ја плаќаме, во вид на загадување или застој на економијата. Инвестирањето во развојот на производството, употребата и дистрибуцијата се наоѓа високо во агендата на нашите енергетски ситеми“, рече Иванов.
Според Наги Истван, универзитетски професор од Унгарија, енергијата е иднината на човештвото.
„Инженерската мисија е преку технички напредок до подобар и поквалитетен живот, но при тоа да се искористат сите природни ресурси“ кажа професорот Истван.
На светскиот собир, кој по првпат во 40-годишното постоење се организира во Македонија, учествуваат над 400 делегати од 50 земји, од кои 350 еминентни професори и инженери.