Линкови за пристапност

Со квалитетни градби до помали последици од земјотресите


Со квалитетни градби до помали последици од земјотресите
Со квалитетни градби до помали последици од земјотресите

На конференцијата се собраа околу 1.200 стручњаци од 84 земји во светот

Повеќе од 1.200 светски авторитети од областа на земјотресното инженерство, пет дена во Охрид учествуваа на петдневната Европска конференција.

Експертите заклучија дека „само со квалитетни градби и со почитување на прописите може да ги спречат катастрофалните последици од земјотресите“.

Оваа конференција е еден од најголемите светски научни настани, што се одржува секоја четврта година.

Од трудовите презентирани на конференцијата е отпечатена книга, 1.200 примероци, која ќе ја продаваат издавачки куќи од целиот свет.

„Не може да не бидеме горди. Организиравме конференција за повеќе од 1.000 светски признати имиња, без да добиеме буквално денар од државата. А, одигравме најголема амбасадорска мисија за Македонија од аспект на науката“, изјави Михаил Гаревски, претседател на организацискиот одбор и директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизомологија.

Конференцијата ја организира Македонската асоцијација за земјотресно инженерство со поддршка од Европската асоцијација. Околу 1.200 научници, професори и инженери од 84 земји во светот, разменуваа искуства и дискутираа за новите, безбедни техники во градењето, ги анализираа оштетувањата на градбите во регионите погодени од катастрофален земјотрес и промовираа нови методи за процени на ризиците од оваа природна катастрофа.

XS
SM
MD
LG