Линкови за пристапност

Убиено 12-годишно момче кое имало во раце пушка-играчка


Полицијата го застрелала на детско игралиште кога не ја послушало наредбата да ги крене рацете, мислејќи дека оружјето е вистинско

Полицијата во Охајо убила 12-годишно момче кое додека било во парк, во рацете имало реплика на пушка.

Полицијата соопшти дека момчето, подоцна идентификувано како Тамир Рајс, било застрелано откако не ги послушало наредбите на полицајците да ги дигне рацете во воздух.

Властите соопштија дека истрагата е во тек.

Полицајците пристигнале во паркот откако добиле повик дека малолетник извадил, како што било кажано, најверојатно лажна пушка.

Властите појаснија дека на репликата немало портокалов безбедносен индикатор, по што се разликува вистинско од лажно оружје.

XS
SM
MD
LG