Најмалку девет лица се хоспитализирани при напад во кампусот на државниот универзитет во Охајо, соопшти Одделот за противпожарна заштита на градот Колумбус.
Управата за итни случаи на Универзитетот ги повика студентите да се скријат во засолниште.
„Исплашени сме, секој е исплашен“, изјави за Гласот на Америка Суад Осман, член на Асоцијацијата на студенти.
На универзитетскиот кампус во Колумбус има околу 60.000 студенти.