Ведџвуд вилиџ е станбен комплекс за лица со ниски примања во Колумбус Охајо. Во него живеат имигранти од Кенија, Јужна Африка и Сомалија. Пред комплексот се наоѓа заедничка градина каде жителите одгледуваат зеленчук. Но ова не било отсекогаш градина. Порано на ова место се наоѓал базен.
Но, верата на Бетула Муса, кој е со исламска вероисповед не и дозволува таа да плива јавно. Таа знаела дека африканските соседи ќе ја поддржат во идејата да одгледуваат зеленчук, слично како во нивните земји и таа раководела во напорите за трансформација на базенот во градина.
Сега таа се обидува да ги убеди соседите да гласат.
Муса им се приклучи на три други жени кои одат од врата на врата да регистрираат гласачи, Муса е најмлада. На 17 години таа не може да гласа на овие избори.
На секој кат од оваа зграда се наоѓаат по четири станови. Тие поминуваат по пет згради за еден час, во обид да ги убедат соседите да излезат на избори.
Но само неколкумина отвораат врата. Некои велат дека веќе се регистрирани.
Во локалната џамија, Џамал Али кој имигрирал во Охајо од Сомалија во 1997-ма година вели дека „Тоа е мое право, и јас ќе гласам“
За време на петочната молитва Др. Мухамед Тарази ги повикува и другите верници да гласаат.
Ричард Екснер е компјутерски аналитичар во Cleveland.com вели дека Охајо во минатото имигрантските заедници не биле доволно големи да ги решат изборите. Но вели „азиската заедница
нараснала во некои делови од Охајо“ иако таа е се` уште мала да биде интересна за кандидатите, посебно не во овој изборен циклус.
Сепак во податоците од пописното биро во Охајо стои дека, латино американците се најголема етничка група со 3,6 проценти, следат Азијците со 2,1 проценти. Африканците не се одделени со посебна графа од „Афро-американците“, а нема ни посебни податоци за лицата од Блискиот исток.
Охајо традиционално гласа за кандидатот кој ќе биде избран за претседател. Всушност, сојузната држава не го погодила изборот само 1944 и 1960 година.
Хилари Клинтон и Доналд Трамп се речиси беа изедначени во поранешните анкети во Охајо. Но, најновите анкети покажуваат водство на Клинтон од 9 проценти.
Според Екснер, историјата го потврдува она што го знае секој жител на Охајо: „Охајо го следи правецот на ветрот. Како расте националната поддршка за Клинтон, така таа истовремено расте во Охајо.“